Одбојкарките на Наковски Волеј забележаа победа од 3:2 во сетови во првото градско дерби против тимот на Виктори Волеј, кој лошо го започна мечот, но се врати во игра ама не успеа да направи резултатски пресврт.
Во преполнетата сала Партизан избраничките на Хари Наковски фуриозно го почнаа мечот добивајки го убедливо првиот сет со 25:08. Виктори не успеа да има парира ниту во вториот сет кој го загубија со 25:12. Во овие два сета Наковски покажа надмоќност а домаќинките премногу грешеа што во приемот што во огранизацијата на нападот
Кога се мислеше дека Наковски волеј ќе забележи убедлива победа, се разбудија ,,викторки,, кои со поконцентрирана игра го добија третиот сет со 25:23. Во четвртиот сет исто како и во третиот се играше рамноправно. Девојките на двата тима се надмудруваа и се играше егал, но сепак Виктори успеа да се врати во игра добивајки го и четвртиот сет со 25:21
Сите очекуваа рамноправана игра и во петтиот одлучувачки сет но гостинките не дозволија ,, луксуз,, откако домашниот Виктори потфрли, па лесно со 15 :06 славеа со 3:2 во сетови
Со скор од пет победи и еден пораз, Наковски волеј остана на втората позиција на табелата со 15 бода три помалку од лидерот Работнички. Виктори со три победи , два пораза и натпревар помалку или вкупно 9 бода е четврти на табелата.