Одбележувајќи го првиот ден од пролетта ЈПКД Комуналец започнува со акција за машинско чистење на диви депонии.
Се работи на чистење на една од поголемите диви депонии на улица Антон Панов каде што еколошката свест на граѓаните кои живеат околу таа улица е на многу ниско ниво.
Од Комуналец велат дека се надеваат дека по интервенција и темелното чистење ќе проработи свеста на несовесните граѓани и овој дел од градот пополека ќе прерасне во убаво, чисто место за живеење.