Денеска стартува Светското шаховско првенство за млади во Египет на кое Македонија ќе ја преставува четири младинци односно шахисти до 8, 10 и 12 години од кои тројца се од Струмица членови на ШК Цареви Кули. Боите на Македонија на ова првенство ќе ги бранат 3 момчиња и 1 девојче и тоа: до 8 год. Јован Вукашиновиќ и Ина Крумова, до 10 год Мартин Гоцев и тројцата од Струмица како и Никола Петровски од Скопје кој ќе биде во категоријата до 12 години..
Стартот на првото коло во сите возрасни групи започнува денеска и ќе се игра 11 кола по Швајцарски систем по правилата на ФИДЕ за класичен шах. Темпо на играње е 90 минути по играч за 40 потега, ако дотогаш не заврши партијата им се додава уште по 30 минути до крајот. Истотака играчите имаат и плус бонус од 30 секунди за секој одигран потег почнувајќи уште од првиот.
На првенството учествуваат 630 млади шахисти од 60 држави од светот а учеството на младите од Струмица го помогна Општина Струмица како и помошта што дојде од фондации и општествено одговорни компании