Во струмичките основни училишта денот помина во одбележување на празникот Тримери и тримерските обичаи. „Маршал Тито“ беше домаќин на соученици од „Сандо Масев“ кои заедно преку проект за меѓуетничка соработка приредија рекапитулација на православните и обичаите од исламскиот свет поврзани со верените односно армасани девојки.
Во ООУ „Сандо Масев“ гости беа ученици од „Видое Подгорец“ и ансаблот Тримери кои пред учениците испеаја песни поврзани со празникот.
Освен со традиционалната посна трпеза, основците ја негуваат и традицијата под маски, поврзана со празникот кога се бркаат лошите духови и се пречекува новото будење и пролетта. Трето одделенците и преку квиз, ги одмеруваа знаењата за празникот Тримери, како начин за одржување на колективната празнична меморија. Секако, наградени беа сите за трудот вложен во негување на оваа традиција која извира од дамнина.