Денес, 10.11.2023 година, преку проектот,,Рано откривање на пожари и нивно движење за превенција и откривање на катастрофи – eFidar, финансиран од Европската Унија преку Интеррег СВС Програмата, ТППЕ Струмица доби специјално ПП возило за гасење на шумски пожари со носивост од 3000 литри вода и 300 литри пенило и дрон за рано откривање на шумски пожари.
Пожарникарите упатија благодарност до Југоисточниот плански регион и Општина Струмица кои со своето учество во овој проект придонесоа да се набави оваа опрема и возило.