• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичките патници кои патувале од Италија со пациентката на која и е потврдено присуството на корона вирусот уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР.

Струмичките патници кои патувале од Италија со пациентката на која и е потврдено присуството на корона вирусот уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР.
Најголем дел од патниците немале контакт со поголема маса луѓе, туку само со семејството. На денешниот состанок на комитетот ќе ги разгледаме можностите за продолжување на домашната изолација или префрлање на овие лица во инфективните одделенија, одредени за изолација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Лицата со кои тие биле во контакт се веќе лоцирани и исконтактирани. И тие се наоѓаат во домашна изолација, а епидемиолозите на Центрите за јавно здравје од утринава се веќе на терен и ги анкетираат, согласно утврдената постапка.


Од одделение за образование во општина Струмица денеска велат дека се прават напори за најкус можен рок, училиштата да бидат дизинфицирани , но и се обезбедат доволно сапуни и антибактериски гелови за учениците и наставниот кадар во сите општински училишта.Од ЈЗУ општа болница Струмица денеска не сакаа да зборуваат пред камера со образложение дека сите потребни информации околу новонастанатата ситуација во земјава , но и на територија на о.Струмица ќе добиваме извештаи и соопштенија од Институтот за јавно здравје и министерството за здравство.

Во меѓувреме, Владата ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека доколку во последниве две недели патувале или живеат со некој кој патувал во регионите: Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонгконг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореја, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *