• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичките гитаристи меѓу најдобрите на натпреварот во Ниш

13313885_1362119683802030_765950575_oСтрумичките гитаристи освоија значајни награди на Меѓународниот натпревар по гитара во Ни, Србија. На натпреварот што се одржа изминатиот викенд, учениците од основното музичко училиште Боро Џони, заедно со менторот, Васко Пиличев ги добија следните награди: Кирил Ичков и Митко Витанов прва награда во својата категорија и лауреати за камерна музика во основно музичко. Овие ученици освоија најмногу бодови од сите категории за основно училиште, вкупно 98.

Стефан Локов и Велјан Дојчинов исто така освоија прва награда, потоа Иван Пакетов – прва награда и Кире Понов втора награда.

Натпреварот траеше 3 дена, а се претставија повеќе од 90 ученици и студенти од повеќе балкански земји.

Жири комисијата беше составена од професори по музика од повеќе земји: Србија, Македонија, Бугарија и Италија. Претставник во жирито беше и професорот Васко Пиличев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *