• Wed. Nov 27th, 2024

Струмичките бизнисмени се запознаа со повикот на Фондот за иновации oтворен до 15 мај

Со повикот за комерцијализација на иновациите дел од Планот за економски раст  се запознаа струмичките бизнисмени. Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој ги претставија условите под кои може  да аплицираат микро, малите и средни претпријатија, а за првпат годинава и приватните здравствени установи кои сакаат да воведат нов иновативен производ, услуга или технолошки процес.

Илиевска посочи дека тимови на Фондот ќе работат со апликантите кои ќе добиваат помош за реализација на проектните активности. Истовремено, команиите чии проекти ќе бидат одобрени подлежат на квартална контрола за трошењето на парите.

Од Фондот велат дека има струмички компании кои досега ги искористиле средствата на Фондот и тоа во делот на иновации во маркетинг, но и во производство. Оттаму очекуваат до крајниот рок 15 мај, бројот на досега пристигнати 1.200 аполикации да порасне, па ги охрабруваат компаниите да подготват проекти со кои би можеле да аплицираат на овој прв повик за годинава за комерцијализација на иновациите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *