Струмичките актери денеска се собраа и најавија борба за како што велат, културните инситуции да останат под раководство на културните работници. Ова е нивниот став откако го дознаа изборот за нов директор во НУЦК „Антон Панов.“
Тие сметаат дека изборот е несоодветен и најавија прес за утре во Центарот за култура „Антон Панов.“ Нивните реакции се дека изборот е сомнителен. Ова е реакција бидејќи за оваа позиција имало тројца кандидати за оваа позиција, од кои еден уметник од институцијата со 30 годишно искуство во културата, магистер по менаџмент на култура и досегашниот директор на детската градинка „Детска радост“. Според нив, изборот на Бубев на чело на оваа инситуција е несоодветен.