Преку интереснии анимации, актерите од струмичкиот театар ги учат дечињата како да ги остават мобилните телефони и таблети и да играат детски игри. Облечени во разновидни маскоти, изработени од Кире Василев, актерите ги едуцираат децата за театарот и домашните животни. Ова е и главната цел на проектот насловен како „Животните од фармата“, во организација на Здружението за едукација и развој „Видливост“, а во партнерство со НУЦК „Антон Панов“.
Другата активност од проектот е реализирање на претстава наменета за децата од четири до осум годишна возраст.
Проектот „Животните од фармата“ ги опфаќа дечињата од две до осум години. Истиот е поддржан и финансиран од општина Струмица.