Карневалските маски „Струмичка корида“ на ООУ „Видое Подгорец“ и „Струмички глуварчиња“ на СОУ „Димитар Влахов“ уествуваа на на 21. Меѓународен карневал во Панчево, Србија, кој се одржа вчера и завчера.
Како што информираа од Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, двете карневалски групи биле дел од карневалската поворка во која учествувале 30 групи.
-Преку посебното претставување на странските групи, ден пред главната карневалска вечер, домаќинот на карневалот им даде неповторлива можност со кореографските настапи да се претстават во најдобро светло, меѓу кои и нашите и да го свртат вниманието на домашната публика врз раскошните креации на карневалските маски со кои настапија, инфомираа од Струмичкиот карневал.