Од општинската организација на „Црвен крст“ велат дека ваквите активности на локалните компании се нивни позитив на денот. Според Марјана Тошева од „Црвен крст“ Струмица, компанијата обезбедила доволни количини средство за дезинфекција з апотребите на овие институции. Според неа, ваквите донаторски акции на домашните компании се ретки но драгоцени и треба да се истакнуваат, бидејќи грижата за заедницата е на сите нас.
„Количините дезифициент се доволни за престојниот период да ја обезбедат потребната заштита како на вработените така и на жителите во Струмица и регионот.
Ретките но доволни донатори, нека бидат поттик и за други компании во регионот. Заедно да се грижиме за безбедноста на општеството за да ја обезбедиме и сопствената безбедност. Таму каде што е најпотребно,“ велат од Црвен крст.