Компанијата за производство на хемиски средства за чистење во домаќинството, како и антибактериски средства, овој период има зголемен обем на работа. Поради ова, компанијата треба да го зголеми и производството но и бројот на врботени. Менаџментот на компанијата објави дека сакаат да излезат во пресрет на работниците кои останаа без работа од директно погодените дејности од корона кризата: угостителство, туризам, транспорт и др.