Околу 400 ученици од Македонија беа дел од регионалниот натпревар на Светскиот ученички куп по англиски јазик. СОУ „Јане Сандански “ беше домаќин на натпреварот, кој има за цел да ги мотивира учениците да пронајдат нови интереси и да научат повеќе вештини, преку зближување на ученици од целиот свет. Идејата за одржување на регионален натпревар токму во Струмица, беше најавена лично од Даниел Бердичевски, основач на Светскиот ученички куп кој минатата година беше во Струмица и го претстави купот.
Натпреварот трае два дена, денеска и утре, а победниците ќе учествуваат на глобалниот натпревар во Барселона кој ќе се одржува од 22 до 27 јули и на истиот се очекува над 2.500 учесници од 50 земји. Најдобрите во Барселона ќе бидат поканети на „Турнирот на шампионите“ кој ќе се одржи на универзитетот Јеил во Њу Јорк, САД.