Струмичката болница бара од министерството за здравство да ангажира дополнителен персонал што ќе работата во ковид центарот со оглед дека нови три медицински сестри се заразиле со вирусот. Во моментов се ангажираат сестри од болничките оделенија но заради обемот на работа се чувствува итна потреба од регрутирање сестри и лекари од околните градови кажа директорот на болницата Наќе Гогов
Во моментов на инфективното одделение и дневниот ковид центар во струмичката болница се лекуваат вкупно 33 лица кои имаат полесна клиничка слика. Дневниот ковид центар ќе се проширува при што за ковид пациенти се спрема ортопедската амбуланта каде ќе бидат поставени 6 кревети