• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмичката Баскет Академија со победа го почнаа Рода Купот во Бечеј Србија

Баксет Академијата од Струмица овие денови со три младински екипи учествува на интернационалниот кошаркарски турнир ,,Рода Куп,, што се одржува во Бечеј Србија. Турнирот го започнаа со победа и тоа најмладите (2004-2005) кои денеска ги одмерија силите со Горица од Словенија и славеа победа со 26:14. Ова екипа во состав Алексич, Ахтаров, Зимбаков, Урдинов, Грнчаров, Атанасовски, Кршков, Тасев  покажаа одлична и борбена игра во целиот меч. Не дозволија во ниту еден момент да им биде одземена победата од страна на словенечкиот тим. Стратегот на децата тренерот Петар Настев изрази задоволство од прикажаната игра на неговите пулени бидејки ова им е прво мегународно кошаркарско искуство на кое прикажале пркост и одличен кошаркарски натпревар.

За разлика од најмладите на БАС Академијата, една година повозрасните загубија од тимот на Гросупле исто така од Словенија и тоа несреќно во финишот од средбата со два поени разилка.На овој реномиран турнир настапува и екипата на БАС генерација 2000-2001 која силите во првото коло  ги одмери со Младост од Србија и претрпеа пораз со 11 разлика.

На турнирот учествуваат 30 тина младински екипи од Србија, Словенија, Хрватска, Романија, Црна Гора и Унгарија а единствен преставник на македонската кошарка се децата од БАС Струмица кои најавија пласман меѓу најдобрите во Бечеј Србија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *