Струмичанка е меѓу 15 извлечени добитници на месечните награди од 20.000 денари преку наградната игра „МојДДВ#МојаНаграда“ на јавно извлекување, кое се одржа пред два дена.
Имињата на добитниците се објавени и на веб-страницата на Државна лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati
Во другите кола на „#МојаНаграда“ до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.
Извлекувањето на втората главна премија ќе се одржи во декември, а таа ќе изнесува 1.000.000 денари, соопшти Министерството за финансии.
До краот на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди од 1.000 денари. Доделувањето повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.