На овогодинешната последна вечер од културната манифестација во организација на Општина Карпош ќе настапи струмичанката Славица Ангелова, која како фаворит од сенка победи на последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“. Со своите фантастични вокални квалитети, пред карпошани ќе се престави и одличниот минатогодишен финалист на споменатото српско музичко шоу, Александар Јосифовски.
Завршувањето на карпошовото културно лето ја одбележат гостите од Србија. Фантастичната вокалистка Ивана Петерс заедно со темпераметниот рокер Ѓорѓе Давид, кој во минатото беше дел од групите Generacija 5 и Fuzzbox, а сега како фронтмен на бендот „Death Saw“ со почеток во 20 часот ќе ги претстави своите музички квалитети пред карпошани.