21 годишната Семија Демова од Струмица готвач на тимот на ,,Concept food and caffe bar“ се закити со злато и бронза на Меѓународното отворено првенство на туристичко-угостителски работници ,,Деживејте ги највкусните моменти“ кој се одржува во Будва Црна Гора. На ова отворено првенство со кое и официјално се отвара новата туристичка сезона на Будванската ривиера учествуваат кувари од 12 држави од Балканот.
Струмичанката Демова со своите кулинарски вештини и креативност ги задоволи највисоките критериуми на жирито кои и додели злато за приготвеното и вкусно рижото како и бронза за начинот на приготвената риба.
Ова е прво учество на Семија на едно меѓународно натпреварување која заедно со Иван Велков, Анита Самарџиоска ја преставуваат Македонија на ова меѓународно натпреварување. Таа на натпреварот како најмлада учесничка успеа да експерементира но и да создаде прекрасни вкусови во специјалитетите што ги приготви.