Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на Собранието на здружението за локална демократија Центарот на заедницата на О. Струмица – Мими Николиќ, денеска, потпишаа Меморандум за поддршка и соработка помеѓу општина Струмица и здружението за локална демократија Центар на заедницата на О. Струмица.
Целта на потпишувањето на овој Меморандум е реализација на проектната активност „Организирање граѓански буџетски форум во општина Струмица“, а преку која се подига нивото на транспарентност и развојот на локалната демократија во општина Струмица и учеството на граѓаните во градењето на локалните политики и практики.
Двете страни ги договорија своите обврски за успешно спроведување на граѓанскиот буџетски форум кој што ќе се реализира со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Струмица е меѓу првите општини во Република Македонија која ги вклучи граѓаните во креирањето на локалните политики и проекти.