• Sun. Nov 24th, 2024

Струмичани очекуваат намалување на цената на струјата

Домашниот буџет на граѓаните нема да издржи поскапување на струјата. Струмичанаи пред камерата на ТВ Канал ВИС велат дека очекуваат да се остварат најавите на владата дека електричната енергија ќе повтини за една до две години. Целосно режиските трошоци се тешки за покривање со заработката сметаат анкетираните.

За не повеќе од една до две години, граѓаните ќе плаќаат пониски цени за струја, тврди вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев во Охрид, каде првите луѓе на електро-преносните компании од Југоисточна Европа ги договараат чекорите за формирање на единствен регионален пазар на струја.

Како резултат на подобрувањето на политичките односи со Бугарија било договорено спојување на македонскиот и бугарскиот енергетски пазар. Премиерот Заев од Охрид порача дека собирот ги зголемува надежите за зголемување на транспарентноста и конкурентноста меѓу сите учесници на пазарот на електрична енергија, а со крајна цел поевтина електрична енергија за сите крајни потрошувачи.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ, сметаат дека доколку не се подготви, пазарот може да предизвика нов финансиски шок за граѓаните.

 

Институциите очекуваат со единствениот регионален пазар на струја, цените ќе бидат приближно исти со оние во европските држави кои иако се побогати во овој момент имаат пониски цени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *