Струмичанец, кумановчанец и кавадарчанец кривично ќе одговараат за фалсификувани ПЦР тестови
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе вкупно три кривични пријави, против три лица, за „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Првата е против Г.А.(38) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.10.2021 на граничен премин Табановце пријавениот приложил фалсификуван ПЦР тест.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава и против Д.Г.(53) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.11.2021 на граничен премин Табановце пријавената приложила фалсификуван ПЦР тест.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.Т.(39) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.11.2021 на граничен премин Табановце пријавената приложила фалсификуван ПЦР тест.