• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмичанец „испразнил“ туѓа картичка што ја земал под изговор дека ќе помогне корисникот да добие социјална помош

ByЃ. K.

Aug 24, 2023

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.Ч.(47) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци’’.

Пријавениот, пред неколку месеци довел во заблуда лице од струмичко село на начин што му ја зел платежната картичка со изговор дека со неа ќе поднесе и ќе му помогне да добие социјална помош.

Потоа, во повеќе наврати во периодот од 06.02.2023 до 15.03.2023 ја користел картичката и го оштетил лицето во вкупен износ од 30.250 денари.

By Ѓ. K.