• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичанецот Костадин Захов ја однесе Шкендија во плејофот од Лигата на Европа

Струмичанецот Костадин Захов со своите интервенции во реванш дуелот со Млада Болеслав, ја однесе тетовска Шкендија во плејофот од Лигата на Европа.  Иако претрпеа пораз од 1:0, сепак тимот на Захов ги продолжува настапите од второто по квалитет европско натпреварување.  Двата гола што ги постигнаа тетовци во првиот дуел се покажаа како клучни за понатамошниот опстанок на Шкендија на европска сцена. Но според многумина најголем виновник и јунак што Шкендија се најде на само една пречка од групите во Лигата не Европа е Костадин Захов кој успеа да го издржи притисокот на Млада Болеслав. Единствениот гол за домакините го постигна Лукаш Магера во 82 минута но на крај се радуваше макеоднскиот преставник во Лигата на Европа

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *