Струмичанецот Зоран Андонов е ново засилување на сениорскиот состав на Брера Струмица. Станува збор за 23 годишен фудбалер кој ја покрива левата бековска и крилна позиција.
„Ми преставува големо задоволство што по неколку сезони повторно се враќам во Струмица и сега ќе бидам дел од Брера. Среќен сум што сум овде и се надевам дека ќе прикажам добри игри задно со тимот за да ја исполниме целта за вториот дел од првенството на задоволство на љубителите на фудбалот од Струмица“, кажа Андонов.