Струмичанецот Тони Бајрактаров беше најбрз на велосипедската трка во Штип, што ја организираше Универзитетот ,,Гоце Делчев,, под мотото ,,Со велосипед на факултет,, во категоријата рекреативци. Бајрактаров кој е страствен љубител на овој спорт, успеа во конкуренција на 50 тина рекреативци од целата држава, да помине прв на целта, по извозените пет круга по улиците на Штип во должина од 13,5 километри.
,, Лесна беше трката. Јас спортот го сметам како натпревар. Се пријавив заради љубовта кон велосипедизмот но и да учествувам во пораката што ја упатија од Универзитетот – до работа, до училиште, на пазар со велосипед,, изјави за ВИС СПОРТ Тони Бајрактаров кој следната недела ќе земе учество на интернационалната велосипедска трка во Петрич Бугарија каде биле пријавени повеќе струмичани.
Во сениорска конкуренција на трките во Штип победи Стефан Петровски од тимот ,,Вело М,, второто место му припадна на Никола Левков додека трет беше Дарко симоновски и двајцата од клубот ,,Енерџи,,