Струмица ќе добие Европска куќа. Со евроамбасадорот Самуел Жбогар во канцеларијата на ЕУ во Скопје, потпишавме Меморандум за разбирање во рамките на програмата „ЕУ за тебе“ со кој и ќе се реализира овој проект.
Целта на Европската куќа во Струмица е да креира простор каде што младите луѓе ќе се среќаваат, ќе учат, ќе се вмрежуваат и организираат настани, но и ќе се даваат информации за европските вредности, функционирањето на ЕУ, интеграцискиот процес и отворените европски фондови.
Европската куќа ќе биде отворена во просториите на поранешната аптека спроти општинската зграда.