• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмица ќе ги избира најдобрите во спортот за 2018 – Еве кој се може да достави предлози !

ByВане Трајков

Jan 16, 2019

Во техничка организација на Општински сојуз на училишен спорт на Струмица, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Струмица, а во  соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, ќе се одржи традиционалната Манифестација – Избор на најдобрите спортски екипи, спортисти и тренери на Општина Струмица за 2018 година

Прогласувањето на најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери од општина Струмица за 2018 година ќе се одржи на 25.ЈАНУАРИ 2019-та година

Оваа година изборот на најдобрите и најуспешни спортисти, спортски екипи и тренери, ќе се подели во две категории:

  • КВАЛИТЕТЕН СПОРТ

  • МАСОВЕН СПОРТ

            КВАЛИТЕТЕН СПОРТ:

  1. Најдобар спортист во млади категории –2 предлога;
  2. Најдобра екипа во млади категории – 1 предлог;
  3. Најдобар тренер во млади категории – 1 предлог;
  4. Најдобар тренер – сениорски екипи –  1 предлог;
  5. Најдобра екипа во сениорска конкуренција – 1 предлог;
  6. Најдобар спортист –  2 предлога.

Во категорија МАСОВЕН СПОРТ (планинарство, ориентација, лов, риболов, училишен спорт, мотоспорт, велосипедизам, стрелаштво, гулабарство и други масовни спортови) се доставуваат предлози и кандидати за следните категории:

  1. Најдобар спортист во млади категории –2 предлога;
  2. Најдобра екипа во млади категории -1 предлог;
  3. Најдобар тренер во масовен спорт – 1 предлог;
  4. Најдобра екипа во сениорска конкуренција – 1 предлог;
  5. Најдобар спортист во сениорска конкуренција – 2 предлога.

При доставувањето на предлозите потребно е да се достави и кратко образложение за најзначајните постигнати резултати и успеси на предложениот кандидат остварени во 2018 година. За меѓународните настапи и резултати на предложените кандидати, треба да се достави фотокопија на соодветен документ од организаторот на натпреварувањето.

Предлозите треба да се достават во што е можно во пократок рок, а најдоцна до 17. Јануари 2019 година / ЧЕТВРТОК / по електронска пошта

(е-маил)

sportistnagodinatastrumica@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *