• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица славеше значајна победа против Охрид

Кошаркарите на Струмица забележаа значајна победа во дуелот со Охрид АВ во борбата за подобар старт во Плеј аут лигата и опстанок во најелитното кошаркарско натпреварувањеа.  На ,,жешкиот,, терен во Охрид во рамките на 11 коло, струмичани славеа со 64:60. КК Струмица катастрофално го почнаа дуелот. По првите 10 минути имаа негатива од  -11 поени, но како што течеше натпреварот, избраниците на Петар Настев успеа да се вратат,  посебно во третиот период кога успеа да направат резултатски пресврт и во финишот влезат со +4. Во последните 10 минути охридските рибари се обидуваа да направат резултатски пресврт, но искусните Богоев и Јокиќ не дозволија домаќините да изненадат при што ја зачуваа предноста за остварување на првата победа во овој дел од шамионатот..

Богоев со 19 и Јокиќ со 15 поени беа најефикасни во таборот на Струмица а по реализација се истакнаа и Макенаџиев со 9 и Стефановски со 8 поени. Со ова победа струмичани направија исчекор во борбата за опстанок. Сега им е потребна победа над Пелистер дуел кој се игра на 11 февруари во салата Парк во Струмица

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *