Општина Струмица денеска беше домаќин на четвртата јавна трибина за Дигитализација на јавните услуги во државата. Со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставници на бизнис секторот и здруженијата на граѓани се говореше за значењето на дигитализацијата и бенефитите што од неа ќе ги имаат граѓаните.
Од општина Струмица велат дека се подготвени да ги завршат своите обврски во дигитализацијата на јавните услуги, односно, да направи се за да може овој систем адекватно да се презентира и во иднина да се користи од нашите сограѓани. Обучени се двајца претставници од Одделението за услуги на граѓаните и месната самоуправа коишто секојдневно ќе бидат на услуга на граѓаните околу првичните потреби за апликација, регистрирање и информации од секаков тип во врска со овие олеснувања кои благодарение на министерството за информатичко општество се креираат и промовираат, а се во интерес на граѓаните.