• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица Опен Фест годинава чини 40 илјади евра, вели Печков

ByВане Трајков

Jul 26, 2022

Годинашново издание на Струмица Опен Фест кој стартуваше синоќа со концерт на македонски шлагери во големиот градски парк чини 2 милиони и 455 илјади денар или околу 40 илјади евра. Вака во интервју за Канал ВИС изјави Томи Печков од здружението Кулутурен забавен живот од Струмица организатор на фестивалот. Според Печков 2 милиони денари се од Буџетот на општината додека останатито дел се пари од Министерството за Култура што во однос на претходните години е помалку заради кризните времиња.

Вкупно 20 настани ќе се организираат во рамките на Фестивалот кој преставува своевидно струмичко културно лето. Годинава Струмица Опен Фест е поделен во три целини. Првата  е култура и забава која ќе трае до 30 јули, втората е спорт и рекреација која со своите активности че почне на 6 август и ке трае до 11 ти, доддека музичкиот дел е планиран од 15 ти до 19 август кога се планирани 8 концерти

Томи Печков вели програмата е концепирана согласно потребите на струмичани и во координација со граѓанските организации а најголемито дел од настаните ќе се реализираат во големиот градски парк кај езерцето

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *