• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица му одржа лекција на Пробиштип а победи забележаа и Наковски Волеј и Македонија Макс

Победничко славје кај трите струмички одбојкарски прволигаши во ова првенствено викенд коло. Одбојкарите на Струмица му вратија на Пробиштип за есенскиот нефер однос заради кој струмичани беа казнети со службен пораз и минус еден поен. На теренот во Пробиштип одбојкарските јунаци од Струмица фуриозно го надиграа домашниот состав кој не успеа да го мотивира ниту преполнетата сала ниту френетичната навивачка атмосфера со разновидни зурли и тапани. Со 3:0 во сетови  одбојкарите на Струмица покажаа кој е кој во домашниот шампионат најавувајки атак на двојната титула

Победа забележаа и одбојкарките на Наковски волеј и тоа во Тетово. Го совладаа Бами кор со 3:2 во сетови. По добиените воведни два сета, струмичанки се опуштија и дозволија домаќинките да се вратат во игра и победникот да се одлучува во петиот сет кој го добија избраничките на Хари Наковски

Потврда за струмичката одбојкарска доминација беше и лесната и убедлива победа на Македонија Макс против Пелистер Волеј во Битола. Лесно без поголеми напори Мак славеше со  3:0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *