Транспарентен, отчетен, отворен и правичен е буџетот на Струмица.
Така покажало истражувањето на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ преку Индексот за отворени општини.
„Транспарентното работење беше мое предизборно ветување, реалност во досегашниот мандат и завет од кој никогаш нема да се откажам се додека им служам на моите струмичани и мојата Струмица“, истакна градоначалникот Костадинов.
Според него, ова е факт којшто неизмерно радува и обврзува за уште повеќе работа и поголеми успеси.