Струмица и Штип се подрачја во државата каде што е почеста појавата на карцином на дојка, вели директорот на Онкологија доктор Нино Васев. Тој потенцираше дека жените мора да прават редовни контроли, бидејќи не постои превенција, само рано откривање.
Доктор Васев вели дека Македонија е специфичнаа некои подрачја имаат изразен број заболени од одреден вид карцином. Така, во овој регион, Струмица и Штип се истакнуваат по бројот на забоелни од карцином на дојка.
Од Струмица почна кампањата на Министерството за здравство и здружението Борка за подигнување на свеста за ракот на дојката.
Освен возрасните, со кампањата ќе бидат опфатени и младите по средните училишта.
Министерот Филипче истакна дека за пациентите се обезбедени потребните лекови и бесплатни ортопедски помагала, а во постапка се и на набавка на осум нови мамографи.