Попладнево Струмица и регионот го зафати силно невреме проследено со пороен дожд , ветар а на одредени места и град во големина на лешник. Невремето траше околу половина час и поплави повеќе улици во градот а по населените места од регионот можни се штети од градот.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека екипи на ТППЕ Струмица и ЈП Комуналец веќе се на терен и работат на отпушување на шахтите во долниот дел од градот каде се слева сета атмосферска вода. Според ЦУК има мали одрони на патот кон Валандово но и наноси на патот Мокрино Смоларе.
Градоначалникот на Струмица Костадинов апелираше до струмичани за смиреност при што ги повика да пријават можни поплави до службите на општината
,,Екипи на ЈПКД Комуналец, СВР Струмица и противпожарната единица Струмица се на терен.Се работи на неколку локации во градот и превентивно низ населените места.,, објави Костадинов
Спoред информациите од Струмичката противпожарна единица досега имале осум интервенции и сите се за испумпување на вода од подрумските простории, а исто така интервенираат и екипи на „Комуналец“ на улици во градот.
Невреме имаше и во останатите општини но засега нема пријави за поголеми штети . На социјалните мрежи се објавуват видеа со град во големина на лешник во одделни места во регионот. Можни се штети на посевите на отворено