Од 8 до 11 септември , Струмица и Радовиш се домаќини на 6 тиот по ред Југоисточен Европски Шампионат во спортска ориентација на кој учество ќе земат околу 500 натпреварувачи од 12 европски држави но и од земјава. Според програмата, Шампионатот стартува со спринт трката што ќе се одржи во Радовиш на 8 септември на Денот на независноста и тоа по радовишките улици, додека вечертна на плоштадот во Струмица ќе биде свеченото отварање на ова Европско натпреварување. На 9 ти септември натпреварувачите се селат на ,,Суви лаки,, на планината Огражден каде ќе се трча долга патека а на 10 и 11 септември Шампионатот се сели на локалитетот ,,Бел камен,, на планината Плачковица во Радовиш каде учесниците на ова европско натпреварување ќе трчаат средна патека и штафетата.
На Шампионатотшто го организира ОК ,,Еделвајс,, заедно со Федерацијата во спортска ориентација на Македонија ќе учествуваат селекциите на Србија, Босна, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Грција , Албанија, Бугарија, Молдавија, Романија, Турција и Северен Кипар.
Шампионатот има мото,, Спортската ориентација не познава граници,, бидејки во овој спорт може да се вклучат сите и млади и стари и професионалци и рекреативци, бидејки ова е добар спој на трчање и пронаоѓање контролни точки со помош на топографска карта и компас.
Еве што истакна Ристо Киров директор на Шампионатот