Пионерскиот состав на ППК ,, Струмица,, станаа вицешампиони на Р.Македонија откако на државното екипно првенство во Прилеп го освоија второто место и се закитија со сребро.
Младите струмичани Кенан Асанов, Анте Василев, Ален Василев и Борис Секулов, според информациите во салата на СОУ ,, Ѓорче Петров,, во Пирлеп демонстрирале квалитетни мечеви но немале среќа во фолемото финале каде претрпеле пораз од своите врсници од Крива Паланка
На државното првенство во Прилеп, оргнаизирано од Пингпонгарската федерација на Макеоднија и клубот ,,Младост 96’’ учествуваа 11 екипи во машка конкуренција од цела држава а со остварениот резултат, струмичките деца докажаа дека Струмица има потенцијал во кој треба да се вложува и на големо да се врати сјајот на овој спорт во регионов.