Кошаркарите на Струмица забележаа победа против новајлијата во провлигашкиот Шампионат, екипата на Охрид АВ. Во спортската сала Парк, избраниците на Зетов славеа со 74:68 против гостите од Охрид кои се покажаа тврд орев. Струмичани почнаа добро но во третиот период дозволија охриѓани да се разиграт и да дојдат до предност и од 8 поени. Но во последната четвртина Зивчевиќ успеа во клучните моменти да биде прецизен за мирен финиш и славје на домаќините. Освен Зивчевиќ по ефикасност се покажаа Богоев со 14 и Јокич со 12 поени.
Ова е втора победа на Струмица се проби на четвртата позиција. По четири кола еве како изгледа табелата во Првата кошаркарска лига на Македонија. Работнички 8 бода, Фени Индустри 8, Куманово 7, Струмица 6, Кожув 5, Пелистер 5, Охрид 5 и Вардар 4. Следното коло Струмица му гостува на Пелистер во Битола