• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица е подготвена за трите музички вечери на Опен фестивалот

Струмица е подготвена за трите музички вечери на опен фестивалот. Денес завршуваат и последните активности- главната бина е поставена, повеќето шанкови наместени, а интензивно се работи и на останатите реквизите. На влезовите на градскиот плоштад ќе бидат поставени и хуманитарни пунктови, па посетителите ќе имаат можност да донираат за поплавените во Скопје и Тетово. Организаторите повикуваат на разбирање од страна на граѓаните, особено оние кои живеат во центарот на градот.

Трите музички вечери од Струмица Опен фестивал ќе ги отворат Љубојна, Амадеус, Аца Лукас и Агушеви. Утревечер ќе настапат Архангел, Влатко Стефановски, Бјело Дугме, а последната вечер е резервирана за Црвена јабука, Силви Бенд, Жељко Јоксимовиќ.
Организаторите се надеваат дека големите ѕвезди кои доаѓаат во Струмица ќе привлечат голем број гости од земјава и странство.