• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмица доби фитнес зона

Во големиот градски парк во кругот на Домот на АРМ, градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов заедно со директорот на АМС Наумче Мојсовски ја ставија во функција новоотворената Фитнес зона која е проект на Агенцијата за млади и спорт и Општина Струмица. Станува збор за фитнес зона каде се поставени осум комбинирани справи на кои струмичани ќе може да се рекреираат.

Градоначалникот на Струмица Костадинов ги повика струмиачни да го користат ова катче за спорт и рекреација но и апелираше на чување на реквизитите. Директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски кажа дека фитнес зоната во Струмица е од проектот изградба на 15 фитнес зони во земајва од кои досега пет се завршени