• Sun. Nov 24th, 2024

Струмица денеска беше домаќин на одбележувањето на Европскиот ден на соработка Интгеррег 2023

ByЃ. K.

Oct 26, 2023

Со одржување на неколку настани во детските градинки и на велосипедските патеки, денеска во Струмица беше одбележан Европскиот ден на соработка Интгеррег 2023. На одбележувањето присуствуваа и партнерите на општина од Струмица од соседна Бугарија во рамките на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов.

Градоначалникот Костадин Костадинов во своето обраќање го потенцираше задоволството од досегашната соработка во која со партнерство со 4 општини од Бугарија досега се реализирани 7 проекти со вкупна вредност од 2.883.329,00 евра.

-Како соседи кои взаемно се почитуваат, го негуваат пријателството, разменуваат искуства и се поддржуваат во целта за прогресивен развој, имаме право да се радуваме на овој ден, затоа што зад нас се голем број реализирани проекти во рамките на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Токму овие проекти ја направија Струмица најуспешна Општина во државата во искористувањето на средства од оваа Програма, на што сум посебно горд и благодарен на Одделението за Меѓународна соработка и Европски фондови. Се реконструираа градинки, се конзервираа и реставрираа културно-историски споменици, се изградија рекреативни и пристапни патеки до туристички локалитети, се одржаа повеќе настани на кои вкупно присуствувале 938 учесници од кои најмладиот имал 4, а најстариот учесник 75 години. Ова се факти кои ја потврдуваат нашата долгогодишна успешна соработка со соседна Бугарија, и кои нè поттикнуваат и во наредниот период да продолжиме да работиме во интерес на нашите граѓани и прогресот на нашите Општини, рече градоначалникот Костадинов.

За новиот програмски период на Интеррег Програмата за прекугранична соработка, градоначалникот Костадинов најави нови проекти за проширување на велосипедската инфраструктура и нов парк во населбата Касарна во градот.

-Колку и да се важни приходите на Општината, нема нешто што е поважно од здравјето на граѓаните и затоа донесовме храбра и чесна одлука и парцелата од 40.000 метри квадратни наменета за трговски центар ја пренаменивме во парк, додаде Костадинов.

By Ѓ. K.