Струмица вчера била единствен град со загаденост на воздухот над дозволената граница
И покрај врнежите од дожд,вчера воздухот во Струмица останал загаден.Временските прилики не помогнале струмичани да дишат чист воздух.Вчера Струмица бил единствен град во државата со загаден воздух над дозволените параметри,според извештајот од мерењата на државниот инспекторат за животна средина.