• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмица втор град со активни случаи на КОВИД-19 во земјата

Со 434 активни случаи, Струмица е втор град по заболени со КОВИД -19 во земјава после Скопје.

Според последните податоци објавени синоќа од министерството за здравство, бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако синоќа беа потврдени нови 561 заразени.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.562, од кои најголем дел се од Аеродром (699), Карпош (547) и Центар (519). Над 400 заразени во моментов во Скопје има во Гази Баба (450) и Кисела Вода (417). Зад нив е Ѓорче Петров со 286 активни случаи, и Чаир и Бутел со 166 односно 152 активно заразени лица. Останатите скопски општини засега бележат двоцифрени бројки.

Во другите градови, најмногу заразени има во Струмица(434), Тетово (408), Куманово (331), Прилеп (316), Кочани (212), Штип (201).

Битола, Велес, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Делчево и Кичево имаат над 100 заразени со коранвирус, а останатите се со двоцифрени бројки. Во моментов нема град без активен случај.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во последните 24 часа се заразиле 561 лице, оздравени се 197 пациенти, а починале 22 лица на возраст од 35 до 88 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *