• Sun. Nov 24th, 2024

Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното јавно обвинителство ги потпишувала Катица Јанева.

Воедно, обвинителката рече дека нема потпишано ниту една одлука што излегла од ова обвинителство.

„Не сум потпишала ниту едно решение за пуштање од притвор во куќен притвор ниту, пак, одлуката за давање патни исправи на Цветан Панделевски. Сите одлуки си ги носи и си ги потпишува Катица Јанева“, рече Стефанова и доплни дека таа законски нема право да потпишува вакви одлуки.

Таа на денешната прес-конференција се обрати пред новинарите откако тие инсистираа на изјава бидејќи токму Стефанова го води случајот „Империја“, каде што како осомничен се јавува сведокот по чии изјави Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за рекет, а еден од нив и за перење пари.

„Не стравувам дека може да бидам инволвирана во новата истрага. Нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали треба госпоѓа Јанева да стравува. Тоа ќе ја прашате неа“, додаде Стефанова.

извор:makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *