Македонската берза на електрична енергија денеска официјално стартува со работа. Со домашната берза раководи Националниот оператор на пазарот за електрична енергија, МЕМО.
Проектот е работен над пет години, а официјално заживеа по измените на Законот за енергетика во 2018 година, со што формално беше либерализиран и пазарот на електрична енергија, а законодавството во оваа сфера беше прилагодено на европското.
Како што изјавија за МИА од МЕМО, 22 компании досега склучиле договори, а 20 од нив ќе имаат можност денеска да тргуваат со електрична енергија на берзата.
Тоа се компаниите: СЕНТРАДЕ, ДУФЕРЦО МК, AOT МАКЕДОНИЈА, ЕЛНОР, ЕСМ ПРОДАЖБА, ГЕН-И, ТЕ-ТО АД Скопје, ИНТЕРЕНЕРГО, РЕС, МАКСТИЛ, ЕФТ, АД МЕПСО, ЕНЕРЏИ АКТИВЕ, ЕВН снабдување, ЕВН електрани, ОКТА, УНИВЕРСАЛ ЕНЕРЏИ, ЕДС, ЕТМТ ЕНЕРЏИ и АД ЕСМ.