• Fri. Nov 22nd, 2024

Стартуваше Пандев КУП 2018 со 32 младински екипи – во Струмица играат фудбалери родени 2003 година

ByВане Трајков

Jul 30, 2018

Вкупно 32 младински екипи од земјава и странство ќе земат на Меѓународниот фудбалски ,,Пандев Куп 2018,, што ќе се одржи во Струмица и Скопје.  Турнирот од денеска ќе трае до 4 август на кој настапуваат  квалитетни младински екипи како Брашов и Темишвар (Романија), Сесвете и Бубамара (Хрватска), Ботев Пловдив и Национал (Бугарија), Реал Ниш и Јагодина (Србија) но и од земјава предводени од најдобрите македонски клубови Вардар и Шкендија. Меѓу учесниците се и екипи на Академија Пандев а од Струмица се и младите од Беласица

Во Струмица ќе играат фудбалерите  родени 2003 и тоа една група на теренот со вештачка трева. Токму на овој терен или на теренот на Панев, се планира да бидат одиграни и финалните дуели од ова генерација. Останатите дуели се играат во Скопје на терените на ФФМ и во Ѓорче Петров.

Турнирот е за фудбалери родени од 2002 до 2005 и е под покровителство на Горан Пандев а помагатели се ФФМ, Агенцијата за млади и спорт, градот Скопје, општина Струмица, државниот студентски дом Скопје и други фирми

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *