• Sat. Nov 23rd, 2024

Стамов не ја потпиша одлуката за референдум во Дојран-советниците повторно ја изгласаа

Дојранскиот градоначалник Борче Стамов не ја потпиша одлуката за референдум којашто советниците на 27 јуни едногласно ја донесоа. Без да даде објаснување градоначалникот дозволил да истече рокот за потпишување на одлуката, по што советниците вчера експресно се собраа и повоторно ја изгласаа. Во овој случај, потписот на Стамов не е потребен и референдумот во Дојран сепак ќе се одржи на 23 јули со две референдумски прашања: Дали сте за или против стопирање со работа на рудникот и рударскиот комплекс Казандол и дали сте за или против отворање на рудници за металични минерални суровини на територијата на општина Дојран?

И Валандово сега е во истата ситуација. Чека градоначалникот да ја потпише одлуката за референдум, но тој се повика на Владата и бара таа да го реши проблемот со рудниците во југоистокот.

Градоначалниците од југоисточниот плански регион сметаат дека не се овластени да носат одлуки за работата на рудниците, особено на оние што се во напредна фаза, каков што се случајот со Иловица и Казандол. Бараат Владата да се произнесе за веќе издадените концесии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *