Сојузот на синдикати на Македонија денеска на средба со владини претставници ќе ги изнесе барањата на во врска со минималната плата, а ќе бара и потпишувањето на општ колективен договор за јавниот сектор со кој ќе се врати регресот за годишен одмор познат како К-15. Синдикатот бара веднаш да биде зголемена минималната плата на 18.000 денари во нето износ и таа да не биде пониска од 60 проценти од просечно исплатената месечна нето плата во последните три месеци, како и задолжително усогласување на сите останати плати во државата.