ССМ: До март да се зголеми минималецот на 18 илјади денари
Минималецот да се зголеми на 18 илјади денари најдоцна до март, во спротивно работниците ќе штрајкуваат на работните места. Синдикалците велат дека од следниот месец повеќе од сто илјади граѓаните приматели на сегашната минимална плата од 15.500 денари нема да можат да си ги подмират повисоките сметки за струја и храна. Во петок ќе дефинираат што ќе биде превземено, доколку на средбата на 31 јануари, Владата не им даде зелено светло за зголемување на минималецот.