• Tue. Nov 26th, 2024

ССМ бара недела да биде неработен ден за сите работници

Сојузот на синдикати на Македонија бара неделата да биде неработна за сите работници. Синдикатот смета дека во услови на Светската здравствена криза, предизвикана од Коронавиросот COVID – 19, се покажало дека повеќе од потребно е Недела да биде неработен ден за сите работници, а во изминиот период се видело дека со прогласените мерки и полицискиот час кој траеше за време на викендите целокупното општество може да фукционира и доколку недела е прогласен за неработен ден.

„Потсетуваме дека ССМ, покрај другите предлози за унапредување на работното законодавство, а во насока на заштита на работничките права  и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ веќе предложи ден на неделен одмор да биде сабота и недела.

Традиционално во нашата држава и во државите на нашето опкружување се прифаќа дека саботата и неделата се денови на неделен одмор заради почитување на семејните традиции и заштита на правата што е во согласност со Конвенцијата на МОТ бр.106 за неделен одмор“, вели ССМ.

Според ССМ, анализите и примерите  покажуваат дека работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството,за одмор и професионално надградување и дообразување, поврзано и со здравјето на работниците,  а обврските можат да се завршат во текот на неделата, а истовремено да не трпи ниту бизнисот ниту работниците и граѓаните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *